Денес продолжи судењето за т.н. организирање на настаните на 27 април, на кое на барање на одбраната се сослушуваат вештаците ангажирани од Обвинителството, поради основано сомнение дека истите немаат лиценци и вештачеле докази без да се регистрирани во регистерот на Министерството за правда.

Вештакот кој бил ангажиран од Вилма Рускоска за вештачење на телефонот на обвинетиот Трајко Вељаноски во судницата призна дека нема лиценца за вештачење, односно дека не е впишан во регистерот на Министерството за правда.

Ако се следи законот, со ваквото признание, се што ова вешто лице вештачело лесно ќе биде отфрлено од листата на докази понудени од страна на Рускоска.

Единствениот „вештак“ кој, во секој случај, и останува на обвинителката е осудениот „сведок соработник“ Александар Василевски – Нинџа, кој на ова судење раскажа негова четврта различна верзија за она што се случувало на 27 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.