Министерот за образование Арбр Адеми денеска рече дека Комисијата за инфективни болести ќе го има последниот збор за тоа дали јунската испитна сесија на факултетите ќе се одржи со физичко присуство на студентите или само преку интернет. Тој потсети дека указот за спроведување на наставата во високото образование преку електронски средства за комуникација е сè уште во сила.

Дури и ако решиме да имаме промена во указот со законска сила во овој поглед, испитите да се одржат физички, ќе се одржат и ќе се организираат по одобрувањето на протоколот во Владата, а предложен од Комисијата за заразни болести, рече Адеми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.