Европската комисија кон крајот на мај ќе го претстави годишниот извештај за напредокот на земјите во процесот на проширувањето. Комисијата за Северна Македонија и Албанија ќе предложи влегување во подготвителната фаза на преговорите, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Тој ги повика земјите-членки на ЕУ без страв да го поддржат продолжувањето на процесот на проширување, кој, според него, всушност преставува „заокружување на Унијата”.

-Убеден сум дека процесите на институционална реформа на ЕУ и проширувањето ожат да се одвиваат паралелно, бидејќи и двата процеса бараат години за да се реализираат. Губење на време е ако се чека прво на институционалната реформа на ЕУ, бидејќи и онака не се работи за проширување, туку за заокружување на Унијата, констатираше Хан.

За време на дебатата за „Иднината политиката на ЕУ за проширување” во Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, Хан кажа дека ЕУ нема да ги прими земјите со отворени билатерални прашања. Истакна дека во основата и во фокусот на политиката на проширувањето на ЕУ е напредокот во економијата и владеењето на правото.

Хан потсети дека преговорите со најмладиот член ЕУ- Хрватска траеле осум години, a се очекува преговорите со идните земји-членки да траат подолго.

Инаку, еврокомесарот преку Твитер им честиташе на Зоран Заев и Алексис Ципрас за проодлабочувањето на односите меѓу двете земји.

– Им честитам на лидерите на Грција и на Северна Македонија зашто го поплочија патот кон нова ера на пријателски и продуктивни односи, во интерес на своите граѓани и на целиот регион, напиша Хан на Твитер по денешните средби на Заев и Ципрас во Скопје.

Да се потсетиме што зборуваше Заев во јуни минатата година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.