Адвокатот Јовица Страшевски со отворено писмо му се обрати на техничкиот премиер Оливер Спасовски. Во продолжение го пренесуваме обраќањето во целост.

Почитуван технички премиер,

Ја поздравувам мерката за полициски час и се надевам дека истата ќе придонесе за справување со корона вирусот. Но, исто така уште еднаш сакам да напоменам дека населението ќе биде најмногу изолирано и заштитено со периодот од 21 до 06 часот, но за жал најмногу ќе биде изложено на опасност по животот од корона вирусот секој работен ден од 9-16 часот кога стотици и стотици граѓани ќе бидат во суд.

Запрете го самоволието на претседателот на кривичен суд, зошто судот ќе биде идното жариште на корона вирусот. Во сите земји од регионот судовите функционираат само во исклучителни случаи, а Џолев планира од понеделник да се судат 350 предмети т.е. минимум по 20 лица во еден ден и минимум 20 лица во една судница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.