Податоците за здравствената состојба на пациентите никако не смеаат да се коментираат јавно, а тоа ќе се случи во судницата, откако беше побарано на рочиштето да дојде лекарката и да ја образложи здравствената состојба на мојот клиент. Ова досега е невидено, во судница јавно да се коментира нечија здравстена состојба – вели во изјава за „Плусинфо“ адвокатот Јовица Страшевски.

Адвокатот Страшевски е бранител на обвинетиот поранешен градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски. Тој предупредува дека во случајот ТНТ ќе се случи уште едно прекршување и непочитување на законите, откако Кривичниот суд побара лекарката која со медицинска белешка привремено го ослободи Трајковски од рочиштата за уривањето на „Космос“, в понеделник ќе треба во судница да објасни зошто поранешниот градоначалник не е во состојба да доаѓа на судењето.

Кривичниот суд побара лекарката јавно да ја образложи здравствената состојба на Трајковски кој неоамна беше натепан при прошетка во Скопје и причините за неговата спреченост да присуствува на судењето, откако завчера беше одложено рочиштето бидејќи според лекарската белешка доставена до судечкиот совет, се вели дека, тој треба да е на боледување 15 дена.

Со барањето на судот, адвокатот на Трајковски вели дека ќе се прекршат два закони – Законот за зашита на правата на пациентите и Законот за заштита на личните податоци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.