Тесна е повезаноста од причина што неколку дена откако што било повлечено обвинението против Ардијан Амзоски тој после 17 дена на рака уплаќа на Меѓународен сојуз и на Боки 13 350.000 или вкупната во рок од еден месец е околу 850.000 евра, сума која ова судство и специјалното обвинителство да го сокријат од јавноста, објасни денеска адвокатот Јовица Страшевски по денешното рочиште за случајот ТНТ каде како сведок се појави зетот на Фиат Цаноски.

На прашањето зошто биле дадени парите, Страшевски одговори.

Најверојатно за повлекување на обвинението. Нема за што друго. Денеска имаше огромна нервоза кога јас се обидов да го поставам прашањето-објасни Страшевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.