Со денешното објавување на распоредот на предмети кои во наредните 30 дена ќе се судат во Основниот кривичен суд (вкупно 308) претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев прави кривични дела против здравјето на луѓето, пренесување на заразни болести или непостапување според здраствените прописи за време на епидемија т.е прогласена вондредна состојба на територија на нашата држава.
Имено во ,,приоритетите,, на Кривичниот суд ставени се и прекршочни предмети но и предмети каде има и по 10, 15, 20 обвинети што автоматски значи и до 50 присутни во салата со што повеќе е од јасно дека е невозможно да се исполнат препораките на Владата – пишува адвокатот Јовица Страшевски.

Понатаму во соопштението до јавноста тој пишува:
Со ваков распоред на судења повеќе од јасно е дека во текот на еден ден ќе има повеќе судења т.е во исто време во судот секогаш ќе има над 100 лица земајќи во предвид дека надвор од овие 308 предмети ќе се судат и предмети за определување на притвор но и оние за кои е утврдена кривична одговорност за непочитување на мерките од Владата во врска со корона вирусот. Недозволиво е во судот да има присуство на стотици лица а во исто време Владата на отворен простор да не дозволува присуство на повеќе од 5 лица.
Со ваков распоред Претседателот на судот во опасност доведува стотици граѓани не само од можност да бидат заразени со корона вирус туку и од најтешката последица т.е смрт која би настанала како последица од вирусот.
Во оваа прилика апелирам до Министерот за здраство, Министерот за правда и до Судскиот совет да реагираат на ваквиот распоред бидејќи доколку не превземат никакви мерки ќе бидат соочесници во кривичните дела кои ги прави претседателот на Кривичниот суд.
Апелирам до моите колеги но и до Адвокатската комора да го крене својот глас и да не го дозволи ова самоволие. Адвокатската комора мора да се грижи за правата на адвокатите.
Апелирам и до здружението на судии да го направи истото бидејќи и судиите во Кривичниот суд се изложени на ризик од корона вирусот.
Апелирам до синдикатот да го крене својот глас и да се грижи за вработените во Основниот кривичен суд.
Исто така повикувам сите мои колеги на кои со ваков распоред директно му се загрозуваат основните човекови права и директно се изложуваат на огромен ризик да бидат заболени од корона вирусот, да доставуват и тие кривични пријави против сите кои директно или индиректно ќе ги изложат на ризик и не ги почитуваат мерките на Владата исто како тоа што јас ќе го направам во текот на наредната недела против претседателот на Кривичниот суд и останатите доколку не биде повлечен распоредот објавен на веб страницата на Кривичниот суд.
Основниот грагански суд во Скоје и останатите судови во внатрешноста (Тетово, Гостивар Кичево, Битола, Штип) не работат а само единствено препораките од владата не важат за Основн суд Скопје 1 и претседателот на Кривичнио суд Иван Џолев. Кој ќе биде одговорен доколку се случи да некој од обвинетите, судскиот персонал, адвокатите заболе од корона вирусот кој е смртоносен и кој ќе гарантира дека на вакви закажани судења сите присутни не се носители на вирусот. Доколу се случи некој немил настан и биде загрозен нечиј живот одговорноста треба да ја преземе претседателот на Кривичниот суд Иван

Џолев бидејќи за него поважно е да ги заврши судските процеси отколку здравјето на луѓето. И доколку е толку храбар го повикувам да присуствува на сите закажани судски рочиста заедно со судскиот персонал, адвокатите и обвинетите.
На крај уште еднаш сакам да повикам Судскиот совет, Министерката за правда и Министерот за правда да ги рагледаат мерките кои вчера ги предложив
1. Сите постапки во судовите да се прекинат, освен за предметите каде е определен мерка ефективен притвор.
2. За предметите за кои ќе настане прекин во судењето да се донесе уредба со законска сила која ќе го прекине течењето на роковите со тоа што нема да може да настане застареност на предметите или други негативни реперкусии
3. Под итно да се судат и предметите за сите лица за кои ќе се утврди кривична одговорност за прекршување на одлуките на Владата а поврзани со корона вирусот.
4. Судењата да се одвиваат во двете големи сали во старата и новата зграда на Кривичниот суд со запазување на сите мерки донесени од Владата бидејќи во другите сали многу тешко т.е невозможно е да се исполнат истите.
5. По завршување на секое рочиште да се врши дезинфекција на салите каде ќе се одвива судско рочиште
6. Секој суд на својата web страница јавно да објави кои предмети ќе продолжат со судење со наведување на точниот термин и сала а не истото да се прави на шалтерите на судовите
7. Министерството за правда или судовите за секое лице кое ќе влези во судот да обезбедат заштитна маска и нараквици
8. Секое лице кое ќе влези во судот да потпише изјава под морална и кривична одговорт дека не патувал надвор од земјата во последните 14 дена но и дека не е во самоизолација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.