Oткако Адвокатската комора ја отфрли дисциплинската постапка против Јовица Страшевски која дојде по пријава претседателот на Кривичен суд Иван Џолев, со реакција се јави и адвокатот.

Страшевски објаснува дека против него како личност се изнесуваат невистини но оти на лагата и се кратки нозете и дека вистината е како шило и излегува на површина.

Правото и правдата во овој момент победија во Македонија. Го повикувам Јавното обвинителство и МВР да постапат и да донесат одлука на моите поднесени кривични пријави за злоупотреба на службената должост кои од моја страна беа поднесени против претседателот на Кривичниот суд Џолев- нагласува Страшевски.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.