Утрово според камерите поставени на граничниот премин „Табановце“ може да се забележи дека стотици автомобили чекаат влез во соседна Србија.

Самиот факт што денеска е неработен ден, а станува збор за петок (работен ден во соседна Србија) македонските граѓани го искористија за бесплатното вакцинирање во најблиските градови во Србија како Врање и Ниш.

Српските власти инаку најавија дека македонските граѓани ќе може да се вакцинираат без никакви документи што го олеснува процесот на вакцинација, ниту пак треба да чекаат термин.

Состојбата на границата можете да ја следите ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.