Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска соопшти дека наскоро ќе биде потпишан протоколот за пристап на Македонија во Северноатлантската алијанса.
Разговаравме и за континуираната посветеност кон политиката на отворени врати. Сакам да им честитам и на Скопје и на Атина и да ги пофалам премиерот Ципрас и премиерот Заев за нивната храброст и силно лидерство, успевајќи спорот за името да го остават во минатото“, рече шефот на НАТО.
Очекувам сите 29 сојузници да го потпишат протоколот за пристапување, по што Скопје ќе учествува на два состаноци на НАТО како гостин. Откако сите 29 сојузници ќе го ратификуваат протоколот, ќе ја поздравиме Република Македонија како 30-ти член на НАТО“, рече Столтенберг на заедничката конференција со романскиот претседател Клаус Јоханис денеска во Романија, по состанокот на европските министри за одбрана во Букурешт.
Тој истакна дека пристапот на Македонија во Северноатлантската алијанса ќе ги зајакне мирот и стабилноста во регионот и во Европа.
We also discussed #NATO’s continued commitment to our Open Door policy. I want to congratulate both #Skopje & #Athens. And I commend PM @tsipras_eu & PM @Zoran_Zaev for their courage & strong leadership, in making the name dispute a thing of the past. pic.twitter.com/WEQW0Kolzo
— Oana Lungescu (@NATOpress) January 31, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.