На прес-конференцијата при потпишувањето на протоколот за членство во НАТО, Јенс Столтенберг и Никола Димитров беа прашани дали Македонија ќе може да биде членка на НАТО бидејќи не ја исполнува обврската да троши барем два проценти од својот бруто домашен производ за одбрана. Македонија троши околу 1 процент од својата економија за одбрана, а за годинава е планирано расходите да се искачат на 1.19 проценти – односно околу 136 милиони евра.
Генералниот секретар на НАТО Столтенберг одговори на прашањето најавувајќи дека Македонија ветила дека ќе ги удвои расходите за одбрана до 2024 година.
Тие покажаа дека можат да придонесуваат кон нашата заедничка одбрана, бидејќи земјата веќе учествува во мисии на НАТО. Ние вежбаме заедно со нив, тие учествуваат во нашата мисија во Авганистан, и покажаа дека можат да спроведат реформи. Тие ветија и јасно се посветија на натамошното модернизирање и засилување на нивните воени сили. Нивните одбранбени расходи се зголемуваат и има јасна обврска од страна на Владата на Скопје да трошат 2 процент од нивниот БДП до 2024 година, изјави Столтенберг.
Американскиот претседател Доналд Трамп особено силно инсистира на тоа сите членки на НАТО да трошат барем 2 проценти од своите економии секоја година за одбрана, и тоа со издвојување на соодветен процент од таа сума за набавка на ново, модерно оружје и опрема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.