Ова предизборие е единствена можност во која можеме, заеднички да одлучиме за нашето Делчево, вели Николчо Стојменовски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Делчево, додавајќи дека 17 октомври е денот кога „сите заедно ќе одлучиме во кој правец ќе се развива нашата општина“.

Јас лично верувам во секој од вас дека ќе ја препознае вистинската опција која ќе донесе промени, проекти и победи.

Цврсто стоиме зад се она што го нудиме во нашата предизборна програма, која е составена од проекти од сите области.

· Обезбедуваме квалитетна вода за пиење за секој дом.

· Обезбедуваме сообраќајно поврзување за секој дом во Делчево и изградба на сите улици во централно градско подрачје.

· Развој на туристичкиот локалитет Голак.

Сето она што претходно го споменав, ќе биде реализирано во наредните четири години со една единствена цел: подобар живот за секој од нас.

Затоа да заокружиме број 7, затоа што Делчево заслужува посветена работа, визија и успех. Да го направиме секојдневието поведро, а иднината поизвесна.

Делчево заслужува да биде успешна општина, затоа на 17-ти октомври заеднички да ја искористиме таа можност.

Да заокружиме број 7 и да создадеме нова иднина за Делчево, вели Стојменовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.