Носителката на листата со кандидати за пратеници во шестата изборна единица од коалицијата Обнова за Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска денеска оствари средби со претставници на Здружението на глуви лица и Здружението на слепи лица од Тетово, како и од Здружението на лицата со телесен инвалидитет Мобилност за Тетово и Гостивар.

Имавме интересни и конструктивни разговори за кои овие луѓе изминативе три години имале можност да видат и увидат кој и колку се грижел за нивните проблеми и барања. Исто така, заеднички дојдовме до заклучок, она што Зоран Заев не ги слушаше и не ги гледаше сопствените граѓани односно она што Зоран Заев не покажа слух и вид за желбата на граѓаните на Република Македонија како пред, како за време така особено после референдумот во 2018 година е најголемиот хендикеп за граѓаните на Република Македонија. И токму затоа дел од кандидатите на пратеничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Обнова на Македонија, се обврзуваме дека од 15 јули ќе напрвиме повеќе за сите и повеќе за овие наши сограѓани, истакна Дафина Стојаноска.

Кандидатите за пратеници во текот на денот ќе имаат средби со граѓаните во населбата Тетовчанка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.