Државата постои за граѓаните и Македонија во ниеден случај или вонредна околност таа улога не смее да ја заборави.Македонија се соочува со сериозни предизвици: пред се од аспект на здравствената заштита пред епидемијата. Сега е време да им помогнеме на вистинските херои кои што секојдневно се на првата линија во борбата со вирусо, здравствените работници, докторите, полицијата, армијата, вели  Бојан Стојаноски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Но, Македонија се соочува и со сериозен предизвик и од аспект на економијата. Сега е време за Македонија и за подадена рака за сите кои имаат мислење, предлог или идеја како да им се помогне на работниците да си го зачуваат работното место.

Време е за да се слушнат сите идеи како да се спасат бизнисите, малите и средни фирми.

Време е  да се понуди помош како да има повеќе за наставниците и професорите, за медиумските работници, за администрацијата, за комуналните работници, културните работници, на оние во турустичкиот сектор, на занаетчиите, продавачите, пазарџиите, градежниците, на сите.

Време е кога мора да се најдат што подобри решенија за невработените лица, лицата во социјален ризик и на сите останати кои имаат потешкотии и во својата работа но и проблем за обезбедување основна егзистенција.

Пoчитувани,

Приклучете се на иницијативата “Вашите проблеми, заеднички до решенија: ЗАТОА ШТО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА”.

Преку електронската пошта „[email protected]“ испратете ни ги вашите но и проблемите на соседот, испратете ни ги вашите мислења, идеи и предлози.

 

Тука сме да си помагаме еден со друг.

Од Вашите пораки, ќе произлезат заеднички решенија за полесно да пребродиме од кризите.

Сега е време да помогнеме на секој и секаде, сега е време за целосна солидарност. Во вакви времиња на криза народот мора да биде слушнат. Тука сме да разговараме и помагаме, да доаѓаме до решенија за сите работи кој што го мачат обичниот човек. ЗАТОА ШТО ЈА САКАМЕ МАКЕДОНИЈА!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.