Потребно е со власта да ги усогласиме ставовите барем околу вакви прашања од кои што навистина зависи буквално животот на секој еден граѓанин во Република Македонија, и токму заради тоа оваа работилница ја посетивме пратеници од власта и од опозицијата. Веќе втор ден разговараме и во завршна фаза се дискусиите. Што би можела да кажам овој предлог, нов предлог на закон комплетен за буџети нели се однесува за законот на буџет и на постоечкиот кој што за жал функционира веќе од 2005-та година. Мислам дека доста доволно долг период измина и вистина реално овој закон навистина треба да претрпи измени или ново законско решение, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински Брифинг“.

Стојаноска додаде дека има новитети околу креирање на законот за буџет.

Новитети, хронолошки би сакала да кажам дека овој закон, на самиот предлог закон стои датумот од Владата и предлог е на Фатмир Бесими, тогашниот заменик министер, а сега актуелен премиер и тоа од 21.01.2021 година. Во Собрание е подготвен со датумот 22.01.2021 година. Седницата на Комисија за финансирање и буџет, прво читање е одржана на 22.03.2021, на пленарна седница прво читање на овој предлог закон е поминат на 01.06.2021 година, 41 седница пленарна по ред. И дури замислете еве сега станува еве пак актуелна тема, одговорот за тоа зошто еден ваков закон се одолговлекува, а велиме е битен, не знам можеби сега бидејќи се најавува или се очекува да имаме ребаланс на буџетот, па власта се сети дека ние имаме веќе во Собрание ваков предлог закон, рече Стојаноска.

Стојаноска смета дека набрзо ќе има ребаланс на буџетот па поради тоа се сетила дека постои предлог закон за буџет.

Ајде да речеме имавме ребаланс на буџет во јули 2021 година, ајде да речеме август колективен одмор, да речеме септември и октомври беа месеци на предизборие, после нив Комисија за финансирање и буџет останува без претседател, но во периодот од први ноември до денес претседателот на Собрание кој што ја има таа деловничка можност има свикано дури 6 седници на Комисија за финансирање и буџет. Но, на ниту една од нив, не е ставен овој предлог на закон за буџет. И тоа доволно зборува за тоа колку е битен овој закон или станува битен само тогаш кога или ќе се изврши некоја интервенција од страна или еве предвидувам дека ќе следува скоро ребаланс на буџет, па да се обидеме да го имплементираме овој закон, појасни Стојаноска.

Во однос на антикризните мерки на владата, Стојаноска смета дека со намалување на акцизата од 18 на 10 проценти всушност значи повторно повеќе пари за владата, потенцирајќи дека владата води грижа единствено за сопствените интереси и џебови.

Лицемерно е да велат дека се грижат за граѓаните затоа што реалноста е дека не се грижат, затоа што сега и со намалување на акцизата на 10 проценти од 18 проценти поголем процент на пари ќе собира повторно владата. Еве нека пресметаат економистите, или Фатмир Бесими денеска нека каже колку се грижи за граѓаните, единствено се грижат за своите џебови, истакна таа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.