Мислам дека има и кривична одговорност има ако се прекршат правилата предвидени за болни од корона вирус. Ако некој е позитивен оди во изолација и нема тука простор за изнаоѓање на решение за доаѓање и слично, рече Дафина Стојаноска, пратеничка и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Телма во емисијата „Вин вин“.

Според неа на пратениците им е даден мандат од граѓаните да одат во Собрание и да расправаат.

Тоа е и уставна категорија. Уставот вели присуство и дебатирање, одлучување во Собрание – кажа Стојаноска.

Стојаноска посочи дека можеби и треба да се дизајнираат начини за работа на пратениците во одредени услови како на пример сега оваа со корона кризата.

Но, не може никој да ме убеди дека директната дебата треба да се замени, тоа е клучот на нашата работа како пратеници – посочи Стојаноска.

Пратеничката Стојаноска укажа дека на координациите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се функционира по сите протоколи со дистанца, распоред со договорено присуство и слично.

Доколку сите се задржиме на тоа, функционирањето е возможно – вели Стојаноска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.