Сè за што СДСМ го критикуваа претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, од кога дојдоа на власта го практикуваат три пати повеќе, рече во вечерашното издание на „EUClick“, пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Манчевски зборуваше дека администрацијата е партизирана, за да тој јавно излезе и да праша зошто граѓаните имале против да се вработуваат членови и симпатизери на СДСМ. Тој истиот зборуваше за професионализација, за јавно да излезе и да признае дека се вработуваат исклучиво според партиска книшка, рече Стојаноска.

Додаде дека министерот за информатично општество и администрација Дамјан Манчевски вработил 6.000 луѓе за два месеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.