Денеска е голем ден за Македонија, затоа што денес Македонија победува, Денеска Македонија победува и сите оние коишто живееле за нејзината правда и слобода, изјави откако гласаше Дафина Стојаноска, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Изборна единица 6.

„Штотуку го искористив моето според Уставот на Република Македонија загарантирано право на глас. Гласав во основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар, и горда што го споменувам името на овој македонски великан. Нека помине се во најдобар ред до вечер. А, вечер нека слави Македонија. Онаа Македонија на Гоце, на Питу и на сите кои живееле за нејзината правда и слобода“, рече Стојаноска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.