До крајот на денот се очекува да се знае колку припадници на полицијата и Армијата ќе бидат потребни за обезбедување на објектите кои ги посочи Министерството за здравство во Акцискиот план. Како што изјави в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов по седницата на Главниот штаб за управување со кризи, ситуацијата од безбедносен аспект е целосно под контрола, во болниците нема нарушување на јавниот ред и мир и кај граѓаните не треба да се создава паника.

Акцискиот план денеска беше разгледан од Главниот штаб, а од 14 часот е ставен и пред членовите на Управувачкиот комитет каде се очекува да биде усвоен, а потоа и предаден до Владата. Владата треба да донесе одлука врз основа на која претседателот на државата и врховен командант, ќе даде наредба за активирање на Армијата, додека МВР ќе ја даде наредбата за полициските сили.

Ангелов уште еднаш напоемна дека Армијата во овој случај нема да биде вооружена и само ќе и помага на полицијата во превенирање какви било гужви или несакани ситуации. Целта е, рече, да им се овозможи на здравсвените работници непречено да ја вршат својата примарна должност.

Се работи за ангажман на Армијата за одржување на редот во здравствените обејкти или во магацини со медицински материјалии и опрема, каде што ќе побара Министерството за здравство, дециден е Ангелов.

– На службите од МВР им дадовме обврска да ги посетат конкретните објекти посочени од Министеството за здравтсво и да направат план за обезбедување. МВР треба да определи дали, колку и какво обезбедување ќе добие Министерството за здравство. Службите на МВР ќе определат на кој објект колку точки ќе се обезбедуваат, дали и кои точки ќе се обезбедуваат само во прва смена, но повеќето од нив треба да се покриваат 24 часа зашто најголемиот дел се меставо каде се лекуваатболни од КОВИД. Откако ќе биде определн бројот на точки кои треба да се обезбедуваат, треба да се определи и бројот на припадници на полицијата кои ќе ги покријат тие точки. Откако ќе се направи тој конечен извештај што го очекуваме во текот на денешниот ден зашто му е дадена задачата на МВР, ќе знаеме колку сили за обебзедување се потребни за здравствените објекти. Кога ќе го имаме тој број, МВР ќе излезе со информација колку можат тие да покријат, а колку треба на испомош да им даде Армијата, објасни Ангелов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.