Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска ќе одржи прес-конференција во 13.30 часот на којашто ќе биде презентиран конечниот извештај на Комисија за утврдување на правилноста во примената на мапите на работен процес формирана на 5 април за работењето на РЦУК Кратово, РЦУК Куманово и Дежурниот оперативен центар (ДОЦ) на ЦУК, во врска со настанот во Општина Kратово за спасување на настраданиот од мозочен удар и премрзнување од високопланинското село Емирица.

–  Настанот, спасување на настраданиот од мозочен удар и премрзнување се случил на 31 март во Општина Кратово од високопланинското село Емирица, за што беше објавено на социјалните медиуми во неделата (4 април), а предизвика голем интерес во јавноста при што паушално имаше прозивање на ЦУК за одредени работи. Тоа беше поттикнато од првично емотивно прикажан настан од поединци и нормално од човечкото сочувство на тие кои ги прочитале првите објави на социјалните медиуми, истакнаа од ЦУК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.