На Дек­ла­ра­ци­ја­та за не­за­вис­ност стои пот­писот на првиот потпретседател на Собранието, а не на то­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел на Со­бра­ни­е­то. Во интервју за „Република“ по повод Денот на независноста во 2016 година Арсов раскажува како дошло до таа си­ту­а­ци­ја и зо­што ре­шил да ја пре­зе­ме­ од­го­вор­но­ста.

Вед­наш по вле­гу­ва­ње­то во пар­ла­мен­тот, пра­те­ни­ци­те од ВМРО-ДПМНЕ се за­ла­гав­ме да се прог­ла­си не­за­вис­на др­жа­ва Ма­ке­до­ни­ја. Сло­ве­ни­ја и Хр­ват­ска ве­ќе го на­пра­ви­ја тоа и во­деа вој­на со ЈНА за сво­ја­та не­за­вис­ност. Ма­ке­до­ни­ја че­ка­ше, а ние пра­те­ни­ци­те од ВМРО-ДПМНЕ ги имав­ме в ра­це ве­ќе до­не­се­ни­те и усво­е­ни дек­ла­ра­ции за не­за­вис­ност на Сло­ве­ни­ја и на Хр­ват­ска. Јас ги ко­ри­стев тек­сто­ви­те на тие дек­ла­ра­ции ко­га ја под­го­тву­вав­ме ма­ке­дон­ска­та пред­лог-дек­ла­ра­ци­ја за не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја. Во мо­ја­та кан­це­ла­ри­ја, то­гаш ко­га ги под­го­тву­вав­ме тек­сто­ви­те, од ка­би­не­тот на Ки­ро Гли­го­ров ни пра­ќаа по­ли­тич­ки ко­ме­са­ри со за­да­ча да нѐ кон­тро­ли­ра­ат. Го пре­че­кав­ме Ди­ми­тар Мир­чев со по­ра­ка од Гли­го­ров де­ка тре­ба да има увид во тоа што го пра­ви­ме. Нај­пос­ле, не­ма­ше вре­ме, дек­ла­ра­ци­ја­та за не­за­вис­ност бе­ше под­го­тве­на под сил­но вли­ја­ние на ма­ке­дон­ска­та јав­ност. Сто­јан Ан­дов то­гаш не бе­ше под­го­твен да ја пот­пи­ше, одед­наш ис­чез­на, го не­ма­ше. Во не­го­во отсус­тво јас ка­ко пот­пре­тсе­да­тел на Со­бра­ни­е­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ја пот­пи­шав и се гор­де­ам со тоа што јас го на­пра­вив во мое име и во име­то на ВМРО-ДПМНЕ. До­де­ка по­стои не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја ќе стои и мо­јот пот­пис под дек­ла­ра­ци­ја­та, раскажува Драги Арсов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.