Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски вели дека поранешниот градоначалник на скопската општина Аеродром Ивица Коневски треба да ја докаже клеветата за која го тужи.

Пренесете му на “комшијата” Ивица Конески, чиј што демократски капацитет е блокирање на фб, дека е редно да остави коментирање. Којзнае колку деца му ангажирале да му “кречат коментари” .
А тоа што ме тужи не значи и дека има основа. Сега ќе треба да ја докажува клеветата.
Комплексите испливуваат и во текстот на тужбата, каде во прва реченица морал сам да се испофали. А заради тој успех загуби со 4.000 гласа!
Полека “Комшија”, има уште!
На пример да кажеш колку ми се плеткаш низ маало?
И Ивица, јас сум портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, чиј што Претседател е проф. д-р Христијан Мицкоски.
П.С. “Комшија” се замислил дека е достоен Проф. Д-р. Мицкоски да се занимава со него, пишува Стоилковски на Фејсбук.

Пренесете му на “комшијата” Ивица Конески, чиј што демократски капацитет е блокирање на фб, дека е редно да остави…

Posted by Naum Stoilkovski on Friday, 7 August 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.