Пред избори, пред распуштање на парламентот, СДСМ и Зоран Заев распишуваат огласи за вработувања во администрацијата, која ја нарекуваа трома, а сега ја полнат и ја партизираат без срам – изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што рече тој, нема јавна институција каде што одеднаш не се распишуваат огласи за десетици, па и за стотици вработувања.

Сега царината распишува оглас за 31 вработување. Внимавајте, на определено време, како што е наведено, поради зголемен обем на работа до крајот на годината. Од нив еден е за кабинетот на директорот, неколкумина се самостојни советници, аналитичари, па административен оператор- книговодител, неколкумина наплатувачи на гранични премини. Сите на определено време – посочи Стоилковски.

Според него, ова е класичен пример за играње со основното човечко право и потреба, правото и потребата за работа.

Ова е класичен пример за предизборен поткуп. Ваквото однесување не е ново за СДСМ, предизборниот поткуп за СДСМ досега минуваше неказниво и без понесување одговорност. Но, одговорност ќе има- рече Стоилковски додавајќи дека сите измами и криминали ќе бидат казнети по 12 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.