Нечовечност, со еден збор го коментира скандалот кој што излезе во италијанскиот весник „Ла Верита“ за набавката на кинески вакцини за Македонија портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Наместо за набавка на вакцини мислеле на криминал! Ете тоа е заклучокот! Точно се наведува во „Ла Верита“ што е проблемот, зошто е вратен авансот за вакцини од Кина. За набавка на вакцините од Кина, била избрана фантом – фирма од Хонг Конг, таа фирма била наведена и во писмата испратени од Венко Филипче. Затоа Кина го враќа авансот, затоа Македонија и денеска нема вакцини! Ова е уште еден голем меѓународен скандал, ова е уште едно меѓународно тонење на Македонија во криминал и висока корупција! Луѓе умираат секојдневно, тие избрале фантом фирма посредник за набавка на вакцини од Кина! Наместо на вакцини, се мисли на профит преку фантом фирми! Само еден збор го опишува ова – НЕЧОВЕЧНОСТ, рече Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.