Еден од ретките статуси на Кејти Јан спорелени на Фејсбук почнува да добива поголема смисла откако таа стана центарот околку кој се заплеткува наместо да се отплеткува аферата „Рекет“.

Откако јавноста дозна каква била играта, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски со право прашува кој ќе ја доигрува играта за да не просвири Катица Јанева од трибините.

„Misli Pobednika“ Ова е сликата со мотото споделено од Катица во очи на 2019г. Буквално вели Кога се плашиш да играш на терен, ќе свириш од трибини. Е па ајде сега, со кого била Катица на терен, кои биле соиграчите, каква била играта веќе знаеме. Ама и кој тоа сега ќе ја доигрува играта и во која насока за да не просвири Катица како свиркач?

Изјавите на обвинителите Јовески и Рускоска не ја убедија јавноста дека во „Рекет“ нема замешано високи политичари од дома и од странство, а уште помалку дека од колачот од 8 милиони евра катица Јанева ги изјела само трошките во форма на двосед и друг мебел во вредност од 5000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.