Нема да бидеме злобни како СДС и нема да кажеме дека власта организира Панаѓур, како што тоа власта го оценуваше првиот дводневниот политички Саем на промените што носат иднина, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

За разлика од владата, посочи Стоилковски, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците имаа со што да се пофалат реализирајќи крупни капитални и инфраструктурни проекти во сите полиња на општественото живеење, кои го олеснуваат и го подобруваат животниот стандард на македонските граѓани.

Со таа разлика што ВМРО-ДПМНЕ и нејзините градоначалниците имаа со што да се пофалат во само една година, со 120 милиони евра реализирани проекти, 36 милиони евра за нови булевари и улици; 20 милиони евра во водоводна и одводна инфраструктура; проекти во градинки, училишта, спортот, културата“, истакна Стоилковски.

Потенцираше дека од друга страна владата на СДСМ и ДУИ немаат со што да се пофалат, се фалат со невидливи и непостоечки автопати и железнички, а единствено ако за нив за фалење тоа што Македонија ја втурнаа во енергетска, економска и инфлаторна криза.

За разлика, СДС и ДУИ нема со што да се пофалат, освен ако е за фалење дека ја втурнаа државата во енергетска, економска, инфлаторна криза како и со невидливи автопати и железници и дека би продолжиле во стилот “како и до сега”“, рече Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.