Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, реагира дека најавата за помилување на Александар Василевски – Нинџа, е награда за серијата лажни сведочења што тој ги имаше за време на судењата за „27 април“, процес во кој беа пресудени над 200 години затвор.

Режимот на СДСМ/ДУИ пресуди над 200 години затвор заради изјавата Александар Василевски-Нинџа, а тој ќе шета слободен по улиците. Над 200 години затвор,а Нинџа помилуван од Пендаровски на предлог на Маричиќ и на Заев. Ова е сликата за неправото и неправдата во Македонија со СДСМ/ДУИ.

 

Помилувањето на Нинџа доаѓа на барање на министерот Бојан Маричиќ, чие што министерството за правда овој документ го има испратено до Стево Пендаровски!

 

Обидот за префрлање на вината е лага. СДСМ, Заев, Маричиќ и сите други инволвирани, точно знаеле што прават и кој се е на списокот за помилување. Ова е цената за изјавите и сведочењата на Нинџа за над 200 години затвор!

 

Изјавите на Василевски Нинџа беа клучен и наводно несоборлив доказ за обвинителството и за судот за спроведување на политички прогон. И тоа беше улогата и употребната вредност на Александар Василевски-Нинџа – реагира Стоилковски.

Стоилковски додава дека со најавата за помилување на Василевски јасно се покажува дека станувало збор за политички нарачан и монтиран судски процес.

Желбата и намерата на СДСМ/ДУИ да го помилува Нинџа е доказ за сите наводи и посочувања за монтирани случаи, за некредибилност на постапката, за некредибилност на доказите, некредибилност на сведочењата и целосна некредибилност на сведоците, што всушност беше оспорувано и докажувано и во текот на политички монтираните судски процеси.

 

Ќе повторам, луѓе се затворени на над 200 години затвор врз основа на изјава на Нинџа, крунскиот сведок за политичките кариери на Русковска и Кацарска, а Нинџа осуден за тероризам е на чекор до ослободување.

 

Да потсетам, Александар Василевски-Нинџа е осуден зa тероризам! Има најмала пресуда, а апелација му ја намали, па користи и право на викенди, сабота и недела ги поминува надвор од затворот – реагира Стоилквоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.