Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, реагира дека власта, преку свои претставници и преку полициските сили презема мерки за вршење притисок против уесниците на протестите организирани од опозицијата

Имаат ветено, а протестите им задаваат проблем!

 

Режимот на Мафијата уплашено реагира на протестите и блокадите!

 

По само три дена блокади со барање да се признае што продаваат сега; со злоупотреба на инструментите за репресија во кои имаат партиски инсталации:

 

1. Режимот приведе момче и лажеше за напад и пцости;

 

2. Режимот даваше наредби „нека ве нападнат, колеги“;

 

3. Режимот не дозволуваше да се сопре сообраќај на најавен протест, со лажен изговор „документи имате?“ кај МОН и кај Судска Палата;

 

4. Режимот преку првите партиски луѓе Заев и Филипче нешто бројат присутни и возила, со цел потценување;

 

5. Режимот фотографира лица и таблички, а ако ги прашаш зошто – почнуваат со насилство (види под 1.)

 

Сето ова укажува само на едно, на исправноста на протестите и блокадите.

 

Сето ова укажува дека Заев, Филипче, Бучковски на маса го имаат идентитетот.

 

Сето ова укажува дека ЛАЖАТ! – пишува Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.