Борбата со високата корупција е нешто што е ЕК го посочува со години и е едно од барањата заедно со промени во администрацијата. И тоа борба од аспект на овој непотизам, кронизам, партизација на јавната администрација се барање од ЕК да бидат како реформи. Поентата е да не поставуваат свои партиски ликови на определени места, поентата е да има реформи во администрацијата, да не биде само натрупана со партиски кадри туку навистина да почне да игра улога во подобрување на стандардот на граѓаните и услугите на државата кон сограѓаните –  изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Корупцијата на СДСМ, столбот на неуспехот на Македонија“.

Стоилковски додаде дека откако е СДСМ на власт се нема видено никаква реформа ниту борба против високата корупција, напротив таа се повеќе цвета.

Љупчо Николовски во една прилика посочи кога на 111-то место падна Македонија, тој посочи дека тоа било само перцепција и дека немало корупција, но така народот мислел и дека така било тоа мерено како низ анкета дека постои корупција. Уште постои, истата постои. Дека било тоа само перцепција и дека не постои корупција го посочи и Иван Џолев, кој што пак после со кршење на закон е оставен како в.д. откога му истече мандатот. При тоа кршеше закон за судија поротник кој што имаше исполнето услови за пензија, но го остави за поротник – појасни Стоилковски.

Тој посочи дека високата корупција, корупцијата на министерство ја банализираат со тоа дали имало бакшиш, дали некој однел вино или не.

Ако 111-тото место, рангирањето според „Транспаренси Интернешнл“ на Македонија не е вистинито зошто сега истите се обидуваат преку медиумски настапи, да фалат раст кој што исто така можеби не постои ако не постои 111-тото место. Значи влегуваме во една манипулација, која што манипулација ја читавме во определени писма испратени од еден од учесниците и носителите на скандалот „Рекет“, белегот и жигот на владеењето на СДСМ во Македонија. Од Владата се испраќани прилози, нарачки, писма, цели текстови што да биде објавено во медиумите и контролата врз медиумите.

 

Оттука кога сме кај корупцијата сега ќе ја искористам оваа прилика, односно оваа трибина да најавам токму еден пример за злоупотреба на законот за јавни набавки, злоупотреба на кризна состојба и договори во четири очи, за еден случај на непотизам, кронизам, протекционизам. Еден скандал за којшто од утре ќе започнам серија на прес конференции со документи поткрепено. А, во случајот со само два договори во четири очи со „Дрисла“ фирма која што инаку во првични рамки не би добила тендерите успева за две години да направи речиси милион евра да повлече од сметката на „Дрисла“ – изјави Стоилковски.

Стоилковски истакна дека зад овие два договори стојат роднински врски помеѓу генерален секретар на Владата, директор на „Дрисла“ и директорот на фирмата.

Значи сите можни форми на корупција постојат во овој случај, непотизам, кронизам, злоупотреба на јавни набавки, политичка поставеност на службени лица, значи се што е форма на корупција го има во овој случај. Се работи за роднини преку женска линија, на поранешниот генерален секретар Драги Рашковски, се работи за директорот на „Дрисла“ кој што од женска линија се роднини со Драги Рашковски. Се работи за фирма од Струмица која што е тесно поврзана низ годините со фирмата на Заеви и во некоја рака се во роднинска врска со Драги Рашковски, генералниот секретар во Владата. Се работи за познатиот Пипералиев, струмичанец кој што е дел од компаниите на Заеви, партнер со Горан Крстев уште од времето на „Глобал“ во Струмица кога Зоран Заев беше градоначалник, таму, а они двајца се дел од еден случај – балкански случај поширок поврзан со марихуана, со бизнисот со марихуана заедно со еден српски партнер – појасни Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.