Портаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски преку Фејсбук реагираше на обвинувањата на Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, дека опозицијата го кочи обештетувањето на стечајците во собраниската комисија.

Партискиот Генсек Љупчо Николовски (Ljupcho Nikolovski ) на СДСМ и главниот на изборниот им штаб шири лажни вести.
По теркот на Заев, мисли дека со лажни вести може да ги згази собранискиот деловник и процедури.
Ниту текстот на законот е возможно да се стави на дневен ред ако е отворена точка во друга комисија, каков што бил случајот денеска, ниту пак може да се дискутира ако поднесувачите на амандмани не се присутни.
Со ова се имаат согласено и пратениците од СДСМ во собраниската комисија.
Тоа што Николовски не знае кај му е Мила, па си подлажува во јавноста како што правеше уште од времето кога земјоделството “му блескаше” не е само проблем на СДСМ туку и проблем на државата.
Затоа пак ќе прашам: има ли власта/ телото за борба со лажни вести посебна стратегија за едукација на граѓаните да ги препознаваат лажните вести од штабот на СДСМ?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.