Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција потенцираше дека министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по објавеното видео снимено во домот на Боки 13, мора да оговори, кога била во домот на Бојан Јовановски, каде присутна е и поранешната СЈО Катица Јанева, и што договарала со двајцата осудени за случајот „Рекет“?

Што е тоа што споделува Радмила Шекеринска и на Јанева и на Јовановски им вели „Јас мислам дека…“. Тоа е одговорот што го должи Радмила Шекеринска. Што бара вториот функционер на СДСМ заедно со Катица Јанева во домот на сопственик на ТВ? Што бара министер за одбрана со двајцата осудени како извршители на најголемиот рекетарски, државно спонзориран криминал, праша Стоилковски.

Тој додаде дека мора да одговори затоа што, како што вели, постојано со месеци ги негираше посетите на домот на Боки 13 и ваквите средби како оваа за која што е пуштена видео снимка на која што седи заедно со специјалниот јавен обвинител и сопственик на ТВ и со нив договара и споделува, размисли?

Според Стоилковски ова се сериозни прашања, за кои што Радмила Шекеринска мора да одговори, особено што случајот „Рекет“ во јавноста сеуште има дилеми и остана неразрешен до крај.

Почитувани, ова е директен доказ за трас-трас Луј Витон правосудство во Република Македонија раководено од СДСМ и Зоран Заев. Ниту се земени предвид кажувањата на сега осудените, ниту се вештачени снимките од безбедносните камери, ниту се вештачени телефоните, ниту е земено во предвид дека парите рекетирани во оваа држава, барајте ги кај Зоран и Вице Заеви. Што тоа кријат Радмила Шекеринска, Зоран Заев и нивните марионети во обвинителството Јовески и Русковска?, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.