Зоран Заев, главата на октоподот, главата на државната мафија, е спремен да го жртвува датумот за почеток на преговори со ЕУ, само и само за да си го продолжи криминалниот век, рече денеска на прес конференција потпаролот на ВМРО- ДПМНЕ, Наум Стоилковски

Според него јасно е дека без исполнети услови нема датум за почеток на преговори со ЕУ, а Зоран Заев не дозволува ниту да се донесе квалитетен закон за ЈО, ниту да се расчисти со високата корупција во која што се вмрежени и администрацијата и правосудството!

Македонија ја тресат корупциски скандали од највисок степен со инволвирани имиња од власта, а нема решение, нема процес, нема ништо за ниту еден случај:

– Нема никаква разрешница за прислушувањето на јавните обвинители.

– Нема разрешница за Курто Дудуш и киднапирање и физичко малтретирање на граѓани.

– Нема разрешница за партизацијата со „Мрежа“, нема разрешница за злоупотреба на фондови.

Нема разрешница за „Тополки“, нема разрешница за „Леонардо“, нема разрешница за „Рекет“.

Едноставно, нема разрешница за ниту ниеден од скандалите за кои што пишуваат и меѓународни медиуми! Сега за „Рекет“, претходно за „Леонардо“, пред тоа за корупција и уценување во парламентот!“ вели Стоилковски.

Тој наведе дека наместо справување со криминалот и корупцијата, Заев приведува новинари во полициски станици, обвинува и силува медиуми кои објавуваат за криминалот и корупцијата, без основа притвора опозициски функционери кои што говореа за криминалот и корупцијата на државната мафија!

„Зоран Заев судството го претвори во пазар, тргува со правото и правдата, и притоа турка Закон за амнестија на октоподот, за заштита на рекетарското здружение, закон за наградување заради политичкиот прогон.

Ова не се европски вредности, ова не се условите за добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ, ова не се цели на Република Македонија. Ова се цели на Зоран Заев, фатен во криминал и кој што ќе стори се’ за да го продолжи векот на октоподот на државната мафија претворајќи ја Македонија во семеен нарко – картел“ рече Стоилковски.

Стоилковски наведе дека граѓаните и Република Македонија не смеат да бидат жртви и не смеат да бидат казнети заради криминалниот клан на Зоран Заев.

„Зоране Заев доста е, го силуваше и жртвуваше минатото, не жртвувај ја и иднината на Македонија! Твоето заврши, излези на избори“ рече Стоилковски на денешната прес конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.