Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски го прашува републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески каде се парите од рекетот ако објавениот извештај навистина е оригиналниот, во кој има индиции за вмешаност на политички фактори. Тој го повикува и да даде одговор за однапред амнестирањето на политичката гарнитура.

Ljubomir Joveski Ако објавениот извештај навистина е оригиналниот, во кој има индиции за вмешаност на политички ф-ри, должиш одговор за однапред амнестирањето на политичката гарнитура. Злоупотреба на службената положба се прави и со постапување и со непостапување, така ли беше?
И да, КАДЕ СЕ ПАРИТЕ ОД РЕКЕТОТ, МИЛИОН ИПОЛ ЕВРА?, пишува Стоилковски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.