Венко добива огромна палата на скопско Водно, на атрактивна локација, изградена од добитник на 7 милиони евра тешки тендери во здравството доделени токму од Филипче, обвини во изјава за медиумите, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Им пречи таблата на Рашела Мизрахи, а не им пречи Касарната зад мене на Филипче  – рече Стоилковски и додаде дека министерот Венко Филипче за две години има повеќе крими афери на број од болници и медицински установи во Македонија.

Оваа Касарна на Филипче е резултат на крвавите тендери, набавки ќерка-татко, набавки на инсулини, палење на здрав инсулун, затворањето на детска кардиохирургија, рекетирањето на „Диамед“, криминалот со штипската болница за која сега се бара дополнителни 7 милиони евра. Ете затоа е таа неказнивост и незаменливост на Филипче, за течење на криминалот и рекетот на Октоподот на Зоран Заев. Зад мене тука на Водно, Венко Филипче гради споменик на рекетот и корупцијата, споменик на неказнивоста и октоподот на власт, споменик на мафијата која што си доби држава. Споменик на криминалот и корупцијата на хибридната власт којашто ја оценуваат меѓународните институции – рече Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.