Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, наум Стоилковски обвини дека власта се обидува со силен притисок врз медиумите да ги заташка бројните криминални афери во кои е вмешана.

Наумовски посочува дека во време кога државата ја тресат сериозни, меѓународни, криминални скандали, власта врши притисок врз националните телевизии кои се приморани да имаат долги интервјуа со највисоките претставници на власта, при што тие зборуваат за се друго освен за криминалните афери.

Збори ми за слобода на медиуми, тивко полека.

 

Примерот со ЕлТендеРашко , кој што сам побара дуел, па го откажа, па повторно сам бара интервју, па го откажува, и е следен во чекор и „без трепнување“ на ТВ со национална дозвола, ја илустрира состојбата со медиумите.

 

Додека „се гуши“ огромниот скандал, Македонија претворена во белосветско мафијашко пасошко одделение, режимот на мафијата си диктира медиумски настапи?

 

Во исто време во термините за дебата и интервјуа се менуваат Венко, Зоран, сите претставници на СДСМафијашка, како претплатени, како закупен термин?

 

Во исто време кога се раструра најмафијашката балканска организација, ЦЕЛА ДРЖАВНА СЛУЖБА НА РАСПОЛАГАЊЕ НА МАФИЈАТА – се пере Венко за вакцините со по пола саат (буквално!) во централни вести?

 

Чисто да си знаете каква е состојбата со слободата на зборот, на медиумите, на тоа што го добивате како порција информација – пишува Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.