Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски јавно го прозва генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, кој најави забрзување на сите истраги на СЈО.

Директно го прашувам генералниот секретар на СДСМ, по неговите „растресувања“ за „напред“ во ЕУ и НАТО без расчистен „Рекет“ и со раширените пипци на Октоподот.

 

Љупчо Николовски, Како ГенСек на СДСМ должиш одговори: каде завршуваат парите од „Рекет“, како Боки ги знае сите судски текови кои ги договара, зошто Катица е залепена до него, што е разговарано со Заев, кој го пратил Боки кај Орце, кој му го врати пасошот на Орце, зошто Катица лажеше за телефонот, зошто тој е форматиран, зошто наредба за форматирање на компјутерите во СЈО, колку поплавата е случајна, зошто Катица не е притворена, кој е главата на Октопод?

 

Низа прашања сега се пласираат за дефокус токму заради овие вистински прашања. Најстрашно е што Државната мафија во власта која ја држите се служи и докажува дека е извор за пласирање на лажни вести. Не е проблем политичката определба, проблем е Државната мафија која пљачкосува каде стигне, а вие сте ГенСек на СДСМ. Декларацијата која патем е смешна ама ја донесовте, вака како што делувате и најавувате не е ни „тоалетна хартија“, пишува Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.