Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на својот фејсбук профил се обрати на Дамјан Манчевски:

До Damjan Manchevski .
Па слободно тагни ме, ако пишуваш сам а не “бункерот”.
Ако не па, кажи им дека се знаеме  Ботови ти се тие во подрумот на средношколецот, јас сум секој ден “на ачик”
Туку ако веќе те фаќа паника како министер за администрација заради реакциите во јавноста, па се допишуваш преку фб, ајде те молам кажи ми што стана со верувањата за “мала ефикасна администрација”?
Или пу-пу не важи
Што стана со ветувањата за “најмал владин кабинет”?
Или и тоа не важи
Што стана со “професионална непартиска администрација”?
Немој само после сиот “мрежа” проект да ми збориш за лански снег, нов паѓа, уште партизирате
Еве додека уште сте на “апарати” заради мерката на Зоќе, јас ќе кажам дека ВМРО-ДПМНЕ се откажа од финансирањето од буџетот!
Вие од советниците во секој агол и времено ангажираните “клативрата” пиар стратези ќе се откажете?
Уште поважно, ќе се откажете ли од финансирањето од “луј витонот” што го “загубивте”?

П.С. Ај сега смислете што да пишеш; и пази пак да не ти летне некоја лажна вест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.