Антизападниот Коста Костадинов да одговори која е неговата улога во случајот “Рекет” кој гледаме дека станал државен и партиски занает на СДСМ во исто време, пишува во фејсбук-статус портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во неговиот пост тој објавува фотографии и видеа, потсетувајќи дека Костадинов беше дел од Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, а дека бил и многу близок до него и неговото друштво од кого сега, како што вели Стоилковски, многу лесно се откажуваат и сакаат да ја пресоблечат кожата.

Антизападниот Костадин напиен, насмеан, самозадоволен, стимулиран во прегратка на рекетот, кој самиот Бојан вели дека завршил кај Зоран и Вице Заеви. Костадине народот вели “млад беше, млад загина”, овој пат на релација помеѓу желбата да бидеш богат и славен и во исто време во скутот на Заев.

И ти и јас знаеме дека си во скутот на семејството Заеви, но дали си и чирак и во рекетот на мафијата, тоа допрва ќе се види. Тоа знај Костадине освен желба да станеш славен може да ти донесе и одговорност пред законот , затоа не прифаќај да служиш на секој занает на Заеви.

Жален крај на една амбиција и кариера која никогаш и вистински не започнала, пишува Стоилковски.

Gepostet von Naum Stoilkovski am Samstag, 20. Juni 2020

Gepostet von Naum Stoilkovski am Samstag, 20. Juni 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.