Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски го прашува Костадин Костадинов од СДСМ, што бара во друштво со осуден за рекет?

Гледам дека Костадинов нешто промрмљал, му дале газдите Заеви задача да одговори, па пишал нешто колку да остане пишано, ради реда.

Костадине не е прашањето дали мене или тебе некој не вика по ресторани, вистинскиот одговор ти што бараш во друштво со осуден за рекет.

До душа јасно ми е, Бојан е по малиот проблем, поголемиот е што тебе ти се стопани тие каде што завршиле парите од Луј Витон куферите.

Јас со криминалци не ни зборам, а не пак да одам по ресторани. Што се однесува до прегратките, вака ми е дури и незгодно да ти кажам, ама ај прашај си го Вице со кого е најдобар другар, бизнис и политички партнер, да не е обратно, та нели правда ќе донесовте? Вие ништо не носите само може да украдете.

Затоа антизападни Костадине попаметен си кога не пишуваш ништо, а до душа нервозен си постојано, тоа го разбирам, следува дебакл на изборите за тебе и твоите стопани од Струмица што го цицааат и ограбуваат народот, пишува Стоилковски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.