Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски има неколку прашања до министерката за образование Мила Царовска. Тој објаснува дека Царовска смета дека одлично одговориле на онлајн образование, а всушност наставата доцнеше цел месец заради Националната платформа која што се уште е нефункционална, ја користат само 9% од оние во процесот, а сепак чини пари и има платени тендери за софтверски системи за истата, но нема одговорност од никого.

Во образованието биле вклучени само 91% од учениците. Во превод, Царовска не и е гајле што една десетина од децата загубија година, заради неспремност на системот со кој што раководи!!! Покрај овие, и цела генерација матуранти и протестираа(т) заради небулозите и неисполнување на ветувањата. За тоа не и е гајле на Царовска, важни и се бришење на историја и други исполнувања на политички анационални зафати.
 Не верувам дека за било што од ова кажала на “онлајн панел дискусии”, но тоа што е важно е што Царовска наместо да тера маркетинг на Фб, треба да престане да избегнува директна дискусија, и уште поважно, да извади и спроведе заклучоци од таква дискусија особено со онаа јавност вклучена директно или индиректно во образовниот процес, како што беше на пример јавната дискусија за образовните реформи

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.