Мега скандалот ШИК Јелак, е корупциски мега-скандал за кој што ДКСК не реагира, како што не реагира за ништо во делот на високата корупција во која што има индиции за вмешаност на лица од владата на СДСМ и ДУИ, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во духот на антикорупциските политики во време на избори, недозволиво е да се прават и прифаќаат измени во Детален Урбанистички План, со кои што субјекти би се стекнале со огромна материјална корист, а за што веќе е познато во јавноста. Деталниот план за ШИК Јелак, оној за кој што Заев нарачал гласање во Тетовскиот совет веднаш по изборите, морал да добие одобрување од министерството за транспорт и врски, од тогаш министерот Горан Сугаревски од СДСМ. Барањето за одобрување на ДУП-от од Општина Тетово до Министерството на Сугаревски од СДСМ  е поднесено на 21 февруари оваа година. Односно е поднесено шест дена, откако беа распишани изборите и беше распуштено Собранието на 15 февруари, оваа година! Министерството водено од СДСМ, тогаш од Сугаревски, го одобрува Планот на 28 февруари. Внимавајте, 400 страници документи за ДУП за 230.000 м2 со натамошна претпоставена добивка од 200 милиони евра! Се донесува за само 7 дена, од кои два се викенд, Министерството одобрува ДУП за згради со 2.000 станови, 8.000 претпоставени жители, каде што се вклучени и онаа нарачана бензинска пумпа, како и со најголемиот Трговски центар во Македонија! Сето тоа е разгледано и одобрено од Министерството на СДСМ за само 7 дена!, вели Стоилковски.

Тој додава дека парламентарните избори годинава требаше да се одржат на 12 април. Одлуката за предвремените парламентарни избори е донесена  на 15 февруари и тогаш се распушти Собранието. И од тогаш започнува тој предизборен период, предизборни правила за институциите на државата.

Според позитивните законски норми институциите на државата работат и одлучуваат исклучиво само и само за неопходни работи. Одобрување на ДУП не е итна и неопходна работа. Согласно законите, согласно духот на антикорупциските политики во време на избори, ова е корупциски скандал. За носењето на ДУП-от за Шик Јелак, тогашниот министер за транспорт и врски од СДСМ, Горан Сугаревски, влегува во сериозен скандал спротивно на антикорупциски дух, со што има сериозен судир со законот. Министерот на СДСМ одобрил ДУП за 7 дена во период кога се распишани избори. ДКСК мора да се издигне од скутот на Мафијата. За ШИК Јелак и инволвираните лица во скандалот има премногу докази за корупција, додава Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.