Дали владата со потпис на Артан Груби ја отвори вратата за криминалните пари на бугарското подземје и ја стави Македонија во партнерство со бугарската мафија?, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-По низа толкувања и заобиколувања на законите, владата тивко, со потпис на Артан Груби летово, дозволи отворање нови видео лотарии, односно онлајн коцкање!
Тоа е овој документ со потпис на Артан Груби.
И тоа не за една, туку за три нови онлајн коцкарници, во партнерство со државната лотарија – односно со државата!
Државната лотарија, пак, овој септември распишува оглас во којшто речиси е направен фоторобот на идниот партнер на ДУИ и СДС, и којшто во никој случај не може да биде домашна фирма.
И оттука прашуваме:
Дали фирмата којашто партнерски ќе работи со владата во Македонија е онлајн коцкарницата 8888.бг, од Бугарија?
Дали оваа фирма не е позната како фирма на бугарското подземје, на групацијата на познатиот Васил Бошков, т.н. Черепот, познат на законот во Бугарија, којшто живее во Дубаи?
Зошто се поставени услови кои што ги исклучуваат домашните фирми? И зошто владата дава лиценца на дури 15 години!
Додека владата лаже дека е против коцкање и обложување, додека државата тоне во сиромаштија, ДУИ и СДС повторно влетуваат во партнерство со мафијата, овој пат поврзано токму со коцкарници!, додава Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.