Отсекогаш и секаде било и останало, ситни и безимени луѓе да се качуваат на телата на паднатите жртви паднати во меѓусебните пресметки на големите. Јас нема да бидам помеѓу тие и таквите, па макар бил единствениот што сам ќе остане на барикадите на вистината. Не ми е прв, се надевам нема да ми биде ни последен пат по важни прашања да останам на моралната страна од настаните. Кој разбира ќе сфати.

Ова е пораката која вчера ја напиша пратеникот Иван Стоилковиќ.

Во изјава за „МКД.мк“ претседателот на Демократската партија на Србите, Стоилковиќ, го дообјаснува овој негов статус на социјалните мрежи.

Треба ли да ви кажам или е доволно јасно дека ќе гласам против одлуката на Никола Груевски да му се одземе пратеничкиот мандат. Образложенија имам мал милион, од човечки до политички. И замислете ќе се гласа за одземање мандат на пратеник кој доби најмногу гласови на парламентарните избори, пратеник кој победи во директна пресметка со наметнатиот премиер и за таа одлука ќе гласаат луѓе кои ни нивните домашни не би ги избрале да водат куќен совет“, вели Стоилковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.