Во врска со развојот на настаните за случајот Рекет, преземањето на предметите на СЈО од ОЈО, како и законитоста на целата постапка, пратеникот и лидер на ДПСМ Иван Стоиљковиќ пишува:

А где је печат?

Прво бев воодушевен од подобрените услови во затворот во Шутка и напредокот во однос на затворениците, бидејќи видов дека им овозможуваат користење на компјутери и печатачи на притворените.

Но, оваа со печатот е приказна за себе. Оваа веќе не е ни скандал! Дури и најголемите идиотарии на власта стануваат нормални, затоа и колку да се трудам, а стварно се трудам да не обрнувам внимание и да не коментирам вакви гпупарии, едноставно ме повикува здравиот разум на реакција бидејќи нормалноста веќе не постои, а кога ќе се загуби нормалноста останува многу малку простор до катастрофа.

И сега сосема логично е да се прашаат старателите на оваа власт како понатаму? Каде е сега Жбогар? И каде е сега ЕК? И каде е сега амбасадата на САД? Да дадат одговор на прашањето, што стана со правната држава? Каде се изгуби смислата за реалноста? Што се случува со разумот, ако веќе го има и ако постои во јавниот, стручниот и политичкиот живот?

Знам дека ќе молчат, знам дека лицемерието ќе ги изеде као рѓата што го јаде железото, и знам дека нивната громогласната тишина ќе го надгласа разумот, но сето тоа е веќе видена работа.

Мој совет до власта е дека е подобро од половина пат да се вратиш назад, отколку по погрешен пат да одиш до крај!
Но големи се, си знаат самите што треба да прават, пишува Стоиљковиќ на ФБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.