Брат абе си ја пробав среќата, велам, немам направено ништо и зашто да не ме пуштат дома. Ама како шо знаеш ме одбија, ми ја одбија и жалбата. Од обвинителството рекле дека не сум подобен за амнестии. Се надевав не викам не, ама длабоко во себе и знаев дека нема да ми ја дадат, зашо знам дека не сум подобен.
Да ги видиш она подобнине како ја добиваат само фала и на мајками можам да речам, што ме родила таков неподобен.
Имам деца позади мене, тие цел живот ќе одат со крената глава баш поради тоа што сум неподобен.
Тешко ми е за името, тешко ми е што ништо не се направи, ама ако. Се знаеше дека за тоа се дојдени овие, за да ја променат државава.
Бато, јас моето ќе го одлежам, спремен сум….спремен ама и чист и пред Бога, и пред деца, фамилија и пријатели.
Да ти кажам бато, спрема мене не се чисти, ама ако…тоа понатака ќе се реши.
Поздрави ми ги Патриотите, поздрави ми ги тие што мислат на мене…знаеш ти кој.
Не заборавај што ти кажа бато Гоки пред година дена…100 години ќе лежам, ама нема да им потклекнам.
Можев бе бато и јас дома да сум…ама не ме родила мајка пеач.
Кико братче….Слобода или Смрт!
Една е мајка Македонија!

Поздрав од Горан Ангелов до сите чесни и искрени Македонци…..главата горе…борбата само што почнала.
Никогаш Северна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.