Поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Стефаноски на својот фејсбук профил ја коментира актуелната ситуација во која се наоѓа Република Македонија и потенцира дека тестирањето само на пациенти со симптоми не ја отсликува реалната состојба со заразени граѓани од коронавирусот.

Стивна аплаузот! Сега да согледаме еден факт: Од вкупно околу 280тина направени теста имаме 67 позитивни, од кои 19 во еден ден (17 од новозаразените се тестирани во приватна клиника). Тоа е висок процент на заразени и доказ дека се тестираат само пациенти со симптоми. Тоа е погрешно и не е одраз на вистинската ситуација. Препораките и на меѓународните здравствени организации се: тестирај, тестирај, тестирај! Владата и Филипче не го послушаа тој апел, едноставно не ја тестираат популацијата и така ја направија најголемата грешка! Последиците се веќе огромни! Одговорноста е нивна! – пишува Стефаноски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.