Во екот на неколкумесечните сенародни протести, граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ ја промовираше и песната „Стих за љубовта“.

Во заедничка Македонија се роди и песна. Како и во сѐ што правиме, така и во неа нѐ води љубовта. Од идеја до реализација помогнаа многу луѓе на кои сме им неизмерно благодарни:

Пеат: Марта Костурска и Јовче Шиле Пандев
Музика: Пол Сајмон
Текст: Александар Русјаков
Продуцент: Драган Гиновски–Гино
Аранжман и пратечки вокали: Андријана Јаневска

Ви ја подаруваме оваа магична тема за да ви ги разубави велигденските празници кои од срце ви ги честитаме. Остануваме будни и се гледаме наскоро повторно на нашата заедничка патека, порачаа тогаш од „За заедничка Македонија“ на нивната страница на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.