Иако првото полугодие од учебната година почна пред два ипол месеци, министерот за образование, Јетон Шаќири во изјава за ТВ21 вели дека учебниците конечно се готови и од утре ќе бидат достапни за училиштата и учениците.

Јас кажав дека учебниците ќе бидат готови до октомври. Денеска имаме над 22 наслови само за основно образование, околу 15 се испечатени од економскиот оператор кој ја презема обврската да ги печати. Испораката на учебници почнува од утре, четврток, изјави Шаќири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.