Притворената специјална обвинителка Катица Јанева, која се наоѓа во истражниот затвор во Шутка испратила писмо – Наредба до Специјалното обвинителство во рок од три дена сите случаи да му ги предаде на Јавното обвинителство, јавува Пресинг ТВ.

Според нивните сознанија, писмото вчера било добиено во СЈО и веднаш било ставено на разгледување на колегиумот. Во наредбата Јанева бара сите случаи кои се во истражна или во предистражна постапка да му бидат предадени во надлежност на државното обвинителство во рок од три дена. Тоа значи целокупната документација, како и доказите, да се префрлат во ЈО, односно кај Љубомир Јовевски и практично СЈО да го заврши својот мандат.

Рокот на СЈО му истекува на 15 септември и неговата судбина треба да се одреди со нов закон за кој власта и опозцијата подолго време не можат да најдат компромис.

Од СЈО ниту ни ја демнатирале, ниту ја потврдиле информацијата, туку само одговориле дека за овие информации дополнително ќе се изјаснат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.