Раководството на СДСМ вечерва ги разгледале кандидатурите на сите 24 кандидати, по што зазеле официјален став Стево Пендаровски да биде кандидат за претседател на СДСМ и на коалицијата.

Стево Пендаровски е кандидат на СДСМ и на коалициските партнери, решило раководството на владејачката партија.

Пендаровски од почетокот важеше за еден од посериозните кандидати, кој имаше подршка и во партијата и меѓу граѓаните, но и кај албанските партии и странскиот фактор.

Сепак, во изминативе две недели во прв план беа Никола Димитров и Оливер Спасовски, но Пендаровски сепак беше меѓу фаворитите. Пендаровски доаѓа од позицијата Национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.